Македонија
21. October 2019 - 17:09

Рокот истече, сопствениците не ги урнаа дивоградбите во Охрид

Сеуште не се знае точниот број на дивоградби во заштитениот појас во Охрид . Голем број од објектите кои што се во регистарот на нелегално изградени објекти се заштитуваат со тоа што имаат поднесено барања за легализација . Градоначалникoт Георгиески вели дека откако ќе сe направи мапирање на објектите и нивна оценка за влијанието врз животната средина ќе се знае за колкав број станува збор .Во меѓувреме истече рокот од 20 дена кој општината им го даде на сопствениците на дивоградбите за сами да ги отстранат. Со оглед на тоа дека ниту една од нив не е урната општинските инспектори од утре повторно на терен .

Дел од плажите пак издадени под закуп на охридското крајбрежје, работат на диво повеќе од 6-7 години, најпопуларните плажи се без концесија само две или три години, за разлика од други каде, има сериозни проблеми .

Градоначалникот  Георгиески потенцира дека станува збор за проблеми наталожени години наназад кои не може да се решат за неколку месеци и најави дека со ребалансот на буџетот предвидени се  допoлнителни два милиони денари за справување со дивоградбите .