Македонија
18. October 2019 - 17:42

Ројтерс: Историска грешка – Франција на удар во ЕУ поради блокирање на надежите на Балканот

 
Високи претставници на Европската Унија, загрижени поради засиленото влијание на Кина и на Русија на Балканот, ја обвинија Франција дека прави „историска грешка“ со одбивањето да се одобри почеток на преговори на Северна Македонија и Албанија.
 
Северна Македонија, Албанија и четири балкански држви – Босна, Косово, Црна Гора и Србија, се обидуваат да пристапат кон најголемата трговска унија, по етничките војни во 90-те години што доведоа до распаѓање на Југославија, коментира Ројтерс.
 
Меѓутоа, иако 28-те земји-членки го гледаат како неизбежно членството на Балканот во ЕУ, францускиот претседател Емануел Макрон го блокираше стартот на преговорите со Северна Македонија и Албанија, во шестчасовната емотивна дебата на ЕУ Самитот, наведува агенцијата.