Свет
9. April 2018 - 12:44

Рохани: Трамп ќе зажали ако се повлече од договорот со Иран

Претседателот на Иран, Хасан Рохани нагласи денеска дека претседателот на САД, Доналд Трамп ќе зажали ако се повлече од нуклеарниот договор со Техеран и шест светски сили потпишан во 2015 година.

– Иран нема да го прекрши нуклеарниот договор, но ако САД се откажат од договорот, тие сигурно ќе зажалат. Нашиот одговор ќе биде многу посилен отколку што замислуваат и дека тоа ќе се види во рок од една недела, наведе Рохани во обраќање преку државната телевизија.

Техеран денеска одбележува Национален ден на нуклеарната технологија.

Трамп во јануари најави „исправање на грешки во нуклеарниот договор со Иран“ со европските потписници или во спротивно Белата куќа на 12 мај ќе ги обнови санкциите кон Иран со што ќе се повлече од тој договор потпишан во време на претседателот Барак Обама.