Роглев најавува бесплатен престој во градинките на децата од социјално ранливите категории
Кандидатот за градоначалник на општина Богданци од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Роглев под мотот „Работа која носи подобро“ најавува дека по победата на локалните избори, децата од социјално ранливи категории на семејства ќе имаат бесплатен престој во детските градинки.
Во предизборната програма на Роглев предвидени се и обнова и изградба на отворени баскет терени во селата Ѓавато и Селемлија.
Во делот на инфраструктурата кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ предвидува изградба на мост-насип во селото Селемлија, реконструкција и рехабилитација на локалниот пат Стојаково – Селемлија, изградба на главна улица во селото Селемлија.
Тој најави и изградба на црква во селото Селемлија.
Роглев е инаку поранешен спортист, ракометар. Во својата кариера има играно за „Младост Богданци“, „Вардар“ и „Ѓорче Петров“. Тој е поранешен кадетски и младински репрезентативец на Република Македонија.
За него велат дека е човек од народот, докажан во својата работа кој ќе го врати сјајот на Богданци.
Ново на Сител
-
„Фридом хаус“: Македонија делумно слободна земја
-
Општина Центар доделува субвенции за полагање возачки испит
-
Зеленски: Украина активно подготвува нови состаноци, преговори и договори со партнерите
-
Повеќе од 250.000 лица ја потпишаа петицијата за одземање на канадското државјанство на Илон Маск
-
Флик: Барселона одигра одличен натпревар, но прими четири гола и тоа е премногу
-
Дончиќ со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси да победа над својот поранешен клуб
-
Делови од Кисела Вода и Волково без струја
-
Трамп: Зеленски в петок доаѓа во Белата куќа на потпишување на договорот за минерали