Loading Video...
Кошарка
15. October 2021 - 11:02

Рогашка му одржа лекција на МЗТ Скопје А.

Екипата на МЗТ Скопје А. од првиот турнир на АБА2 лигата во Златибор се враќа со една победа и пораз. Откако во првото коло ја победија екипата на Младост Земун, аеродромци во втората рунда беа надиграни од екипата на Рогашка од Словенија која славеше убедлива победа со 80-64. 
 
Тренерот на сино-белите Дарко Радуловиќ не го криеше незадоволството од прикажаното, па по мечот истакна дека противникот им одржал вистинска лекција од модерна кошарка.
 
„Ги предупредив кошаркарите пред мечот дека не треба да го потценат противникот и се случи спротивното. Бевме растеретени, мислевме дека ќе го добиеме овој натпревар со самото појавување на терен. Рогашка ни одржа лекција по кошарка, како се игра, како се бори. Она што ние го покажавме против Младост, денеска бевме на „минус“ 100 проценти. Пристапот мора веднаш да се промени, инаку проблемите ќе ги решаваме на друг начин“, истакна Радуловиќ.
 
Попладнево од 18 часот битолски Пелистер ќе го одигра својот втор натпревар во АБА2, а противник е црногорскиот претставник Сутјеска