Балкан
11. July 2016 - 13:49

Родителите во паника: Се појавија змии на Детското одделение во Клинички

Во просториите на Педијатриската клиника при Универзитетскиот Клинички центар во Сараево, во неделата е снимена змија како ползи низ ходникот.

Така напиша една сарајка која заедно со синот престојувала во таа здравствена установа и објаснува дека портирот убил една змија во приемната амбуланта, а друг на вториот кат.

Изминатите неколку дена, кога температурите во БиХ биле исклучително високо, во неколку градови во земјата забележана е наедза на змии. Овие влекачи ги има секаде, но фотографијата која осамна на Фејсбук е снимена во Педијатриајта Језеро и е посебно загрижувачка, пишува Аваз.

Foto Printscreen klix.ba

Од болницата додаваат дека не е невообичаено на Клиниката да се појават разновидни влекачи и нив секогаш ги имало околу Педијатријата па и внатре во неа.