Македонија
11. March 2020 - 16:35

Родителите тврдат дека препораките не се почитуваат, работодавачите велат дека не важат за нив

Градинките и училиштата под клуч, но кој ги чува децата? Социјалните мрежи вријат од коментари од вработени во приватниот сектор во кои се наведува дека не им е дозволено да отсуствуваат од работа соглансо препораките за заштита од коронавирусот. Вчера Владата препорача еден родител на децата под 10 години две недели да добие платено отсуство.

Мајките на социјалните мрежи пишуваат:

„За мене не важи. Бев сабајле во дирекција, ми рекоа НЕ“

„мене ми рече нека го чува детето сопругот“

„кај нас и слободните денови ги сктарија, тие што се на одмор ги викнаа на работа, бидејќи сме маркет и има многу работа

„ми викаат како знаеш снајди се...со шест годишно дете сум“

Министертсвто за труд пак ги повика сите да ги почитуваат препораките, а работниците на кои нема да им биде дозволено отстуство да пројават во ДИТ на телефонскиот број 151 31.

„Отсуствата од работа ќе се докажуваат со потврди кои ќе ги издаваат градинките и основните училишта, на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години, во кои ќе биде наведен и временскиот период за кој  се однесува. Истите ќе треба да се достават до секторот за управување со човечки ресурси или раководителот/директорот на институцијата/компанијата во која работи, до терминот за пресметка на следната плата“, стои во дописот од труд и социјала.

За работодавачите, Владата издаде само препораки кои не се обврзани да ги почитуваат. Со оглед на тоа дека не е прогласена епидемија, немаат законска обврска да ги ослободат работниците. Велат дека тоа ќе се прави само во оние случаи во кои родилеот навистина не може да се снајде.

Активистите за заштита на работничките права пак апелираат работниците да се охрабат и да постапат согласно прпораките на Владата.

Од Сојузот на стопански комори пак се согласуваат со препораките на Владата. Никој не сака вработените да се разболат или нивните децата да останат незгрижени. Меѓутоа мора да се размисли и околу тоа дали и колку ќе можат компаниите да го издржат притисок кој доаѓа од различни страни. На приватниот сектор може да му се помогне на различни начини, преку одвојување средства во Буџетот, привремено ослободување или одложување на плаќањата на даночните обврски или преку поволни кредитни линии и можности за репрограмирање на обврските кои би ги овозможиле институциите и банките, стои во писмената изјава на претседатлката на ССК, Данела Арсовска.