Македонија
14. November 2019 - 16:35

Родителите на децата со дијабет бараат воведување сензори наместо боцкање за проверка на шеќерот во крвта

Во Битола нема педијатар ендокринолог, па така децата со дијабет треба да патуваат за секоја терапија до Клиниката во Скопје. Ова е еден од проблемите со кој се соочуваат родителите на деца со дијабет. Покрај ова, од Здружението за деца со дијабет 1 од Битола бараат и што побрзо да се обезбедат сензорите за мерење на шеќерот во крвта за да им го олеснат животот на децата.

-Тие се доста потребни особено за деца кои се мали, каде што нема континуирана исхрана, доаѓа до боцкање до 10 пати, само за мерење на шеќерот, со нив ќе се намали стресот кај децата, боцкањето, повеќе слобода и функционирање како кај секое дете. Нивната цена е релативно висока, тие се околу 120 евра месечно, не е за потценување, го набавуваме од другите држави, во Макеоднија нема достава за жал, изјави Марјија Кожинковска, претседател на здружението за деца со дијабет 1 Битола. 

-Две години ги бараме од здравствените власти да ни ги обезбедат за наште деца, со кои ќе им се овозможи полесен живот,изјави Наташа Деспотовска, Димитриевска, асоцијалција за детски дијабетис.  

Лекарите велат дека кај овие деца најважна е секојдневната контрола и редовното земање терапија.

-Тие се здрави деца кои можат да живеат нормално, нормално ниво на шеќерот нема да доведе до пореметување до нивното здравје, истакна Д-Р Олга Лозановска, специјалист интернист. 

Од Здружението велат дека бројот на деца со дијабет во Битола се зголемува, но не се знае точната бројка. Во Македонија има околу 500 деца со дијабет според регистарот на одделот за ендокринологија при Клиничката болница во Скопје.