Живот
28. September 2016 - 9:58

Родено првото бебе со тројца родители

Со новата медицинска техника, на свет дојде првото бебе со тројца родители.

„Њу сајентист“ јави дека момчето има вообичаена ДНК на таткото и мајката со малку количество на генетски код на донаторот. Американските лекари го презедоа овој несекојдневен чекор со цел бебето да не ја добие генетската состојба која ја има мајката, по потекло од Јордан.

Експертите наведуваат дека ова е потег е „гласник на новата ера во медицината“, кој би можел да помогне на голем број семејства со генетско нарушување. Исто така, се предупредува дека се потребни ригорозни проверки на новата и контраверзна технологија, наречена митохондриска донација.

Митохондрии се мали бариери во речиси секоја клетка во телото што ја претвараат храната во корисна енергија. Некои жени имаат генетски дефекти во митохондриите кои можат да ги пренесат на нивните деца.

Во случајот на јорданското семејство, станува збор за нарушување познато како Ли-Фраумени синдорм кој, како што се покажа, бил фатален за било кое зачнато бебе. Сепак, научниците смислисле начин да го избегнат тој проблем.

Американскиот тим, кој патувал во Мексико да ја спроведе постапката затоа што таму не постојат закони кои го забрануваат, користеле метод кој ги подобрува митохондриите во мајчината јајце клетка пред самото оплодување на татковата сперма во лабораторијата. Нивната техника ги искористи јајните клетки на донаторот која обезбедила здрави митохондрии.

Резултатот е здраво бебе со 0,1 отсто ДНК на донаторот и со генетски код - како што се коса и боја на очите- од мајката и таткото.