Живот
18. October 2016 - 20:54

Родено бебе без очи: Родителите очајни, нивниот живот нема никогаш повеќе да биде ист

Лиу Пеиуха од Кина на 20 септември роди бебе со пореметување кое во медицината се поврзува со мало или никакво очно ткиво.

Тоа значи дека бебето е родено без очни јаболчници.

Анофтамалија е состојба која се случува во 30 случаји на 10.000 деца, а застрашувачки дека овие деца никогаш нема да можат да гледаат.

Детето во кинеските медиумите е наречено „бебе без очи“.

Семејството се надева дека лекарите и добротворните организации ќе им помогнат да му обезбедат на детето поубава иднина.

Родителите велат дека нивниот син е и како секое друго бебе, дека плаче кога сака млеко и ги мрда рачињата.

За оваа болест нема лек, освен вештачки очи кои се опремени така да можат да помогнат на коските околу очите да растат природно.