Рочиштето за „Пуч“ одложено за 1 ноември
Денешното рочиште за случајот „Пуч“ е одложено поради, како што информираат од Кривичниот суд, неприсуството на еден од поротниците, кој доставил известување дека од здравствени причини не може да присуствува.
Од Судот информираат дека се утврдени новите термини за рочиштето на 1, 3 и 7 ноември.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која го застапува обвинението за предметот „Пуч“, изјави дека е незадоволна поради одлагањето на рочиштето.
- Рочиштето за „Пуч“ се одложи по вина на Судот бидејќи еден од поротниците се разболел. Реагирав на таа одлука и реагирав на одлуката да се одложи за 1-ви ноември, бидејќи сметам дека ваков предмет е од итна природа, бидејќи луѓето кои се опфатени имаат мерки за претпазливост и трпат ограничувања на својата слобода, изјави Јанева.
Предметот „Пуч“ го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а Специјалното јавно обвинителство го презеде овој случај, бидејќи е поврзан со незаконското прислушување.
Во случајот „Пуч“ обвинети се поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, општинскиот службеник од Струмица Бранко Палифров, лидерот на СДСМ Зоран Заев и Ѓорги Лазаревски, вработен во МВР. Тие се осомничени за неовластено прислушување, шпионажа и насилство спрема претставници на највисоките државни органи.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите