Џет-Сет
9. October 2016 - 14:25

Роберт де Ниро со критики за Доналд Трамп

Американскиот актер Роберт де Ниро упати серија критики до републиканскиот кандидат за претседател на САД Доналд Трамп, пишува весникот „Фигаро“.

- Доналд Трамп е беден, тој е куче, свиња, дно, актер за во отпад, противречен човек, кој не знае што зборува, кој не ги проучува темите, за кои зборува, кој не се грижи за ништо, кој не плаќа даноци, изјави Де Ниро за телевизијата Фокс њуз. 

- Тој е еден идиот. Но всушност Колин Пауел го кажа најдоброто: Трамп е национална катастрофа. Тој е срам за нашата земја, додаде Де Ниро.