РКЕ: И натаму граѓаните нема да се исклучуваат поради неплатени сметки
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ ја известува јавноста дека останува во сила препораката што пред две недели ја упативме до компаниите кои што се вршители на енергетски дејности, како и до јавните претпријатија што се даватели на водни услуги поради состојбата со пандемијата Ковид-19 да се воздржат од исклучување на граѓаните од соодветните системи за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и вода поради неплатени сметки додека трае вонредната состојба.
„Практично со ова известување сакам да им соопштам на граѓаните да бидат сигурни дека нема да има исклучување од струја, парно и вода додека вонредната состојба е на сила. Во исто време сакам да изразам благодарност до компаниите и јавните претпријатија чие работење е под надлежност на РКЕ кои веднаш позитивно одговорија на препораката и во овој периодот покажуваат солидарност и општествена одговорност кон потрошувачите.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
Во исто време известуваме дека Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги е во разговори со компаниите да се изнајде најдобар модел за плаќање на сметките за режиски трошоци за март, април и мај се со цел да не им бидат на товар на потрошувачите. По постигнување на договор за конечниот модел ќе биде информирана јавноста.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени