Фудбал
16. December 2015 - 13:34

Ривер Плата финалист на Светското клупско првенство

Екипата на Ривер Плата е првиот финалст на Светското клупско првенство откако во првото полуфинале одиграно во Осака ја победи екипата на Хирошима со 1:0. Стрелец на единстевниот гол беше Лукас Аларио во 72.минута. Утре во второто полуфинале играат европскиот шампион Барселона и азискиот првак Гуангжу.
Во натпреварот за 5.место Клуб Америка го победи Мазембе со 2:1. Стрелци за мексиканскиот првак беа: Дарио Бенедето (19.минута) и Мартин Зунига (28), додека голот за Мазембе го постигна Раинфорд Калаба (43).
Во недела пред финалето ќе се одигра и дуелот за 3.место меѓу Хирошима и поразениот од натпреварот Барселона – Гуангжу.