Живот
2. August 2017 - 14:43

Ритуалите на Ангела: Канцеларката пет години летува на истото место во истата облека

Германската канцеларка Ангела Меркел е љубител на планинарење и веќе петта година одморот го поминува на истото место. Но тоа и не е толку чудно, ако не беше забележана како постојано ја носи истата облека.

View image on Twitter
Германската канцеларка уживала со сопругот во местотот Ортлес на северот од Италија, а фотографиите покажуваат дека ја фаворизирала истата црвена кошула и светлите панталони па и чевли за одмор дури од 2013 година.
 

Нејзината навика да носи иста облека потсетува на поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, кој често бил виден во сина поло маичка на летните паузи со сопругата Саманта.