Македонија
10. May 2016 - 8:49

Ристо Лазаров на поетски фестивал во Романија

Македонскиот поет Ристо Лазаров учествува на меѓународниот поетски фестивал што од синоќа до 15-ти овој месец се одржува во романскиот град Крајова, во чест на романскиот поетски великан од 19-от век Михаел Еминеску.

На фестивалот учествуваат познати поети од триесетина земји од целиот свет и покрај бројните поетски настапи, програмата предвидува и разговори на тема „Војната и поезијата”. Секоја година фестивалот објавува антологија од творештвото на неговите учесници. Меѓу годинешниве фестивалски лауреати е и поетот Ристо Василевски од Смедерево, надворешен член на МАНУ.