Тенис
10. August 2016 - 10:25

Рио 2016: Заврши олимпискиот „сон“ за Серена Вилијамс

Тенисерката Елина Свотолина од Украина го направи најголемот изненадување на женскиот турнир на Игрите во Рио откако во мечот од 3.коло синоќа ја совлада олимписката шампионка Серена Вилијамс. Свитолина беше поуспешна со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3). Од фаворитките настапот го заврши и Гарбине Мугуруза од Шпанија која загуби со 2:0 (6:1 и 6:1) од Моника Пуиг од Порторико.
 
Тенисерките денеска ќе ги играат четвртфиналните дуели, а двојките се:
Елина Свитолина – Петра Квитова,
Моника Пуиг – Лаура Зигмунд,
Медисон Кејс – Дарја Касаткина и
Џоана Конта – Анжелик Кербер. 
 
На машкиот дел од турнирот беше комплетирано 2.коло, а од носителите беа елиминирани: Жо Вилфред Цонга, Давид Ферер, Пабло Куевас, а Филип Колшрајбер предаде поради повреда. Денеска на машкиот турнир се играат мечевите од 3.коло (осминафинале).