Loading Video...
Спорт плус
25. August 2019 - 15:41

Ринс во последните метри го победи Маркез

Шпанецот, Алекс Ринс е победник на 12-тата трка во Мото ГП шампионатот, која се возеше за Британското Гранд-при. 

Во трката возена на патеката Силверстон, мотоциклистот на Сузуки, во супер интересен финиш, буквално во последните метри го победи актуелниот светски првак Марк Маркез. 

Шпанецот иако ја имаше пол-позицијата, а беше водечки се до последниот свиок, на крајот мораше да се задоволи со второто место. Пиедесталот го пополни уште еден Шпанец, Маверик Винаљес од Јамаха колу му припадна третото место. 

За Ринс ова е втора победа сезонава, воедно и во кариерата во најсилната класа. 

Во Генералниот пласман, водечки е Маркез сега со 250 бодови, пред Довициосо со 172, а денешниот победник Ринс изби на третото место со 149 бодови. три повеќе од Италијанецот,  Петручи кој досега има 145 бодови. 

Следната трка во Мото ГП шампионатот е на 15 септември кога ќе се вози Гранд-прито на Сан Марино.