Ринкевичс: Европските земји мора да воведат задолжителен воен рок
Претседателот на Летонија, Едгарс Ринкевичс денеска изјави дека европските земји мора да воведат задолжителен воен рок, како и да ги зголемат трошоците за одбрана.
„Европските земји апсолутно мора да воведат задолжителен воен рок. Европа во воена смисла е прилично слаба“, рече Ринкевич во интервју за Скај њуз.
Како што наведе, европските земји треба да ги зголемат трошоците за одбрана, имајќи ги предвид „подемите и падовите“ во односите со САД. Летонија воведе задолжителен воен рок за мажи во 2023 година.
За оваа година одреди буџет за одбрана од 1,55 милијарди евра, што е 3,45 отсто од бруто домашниот производ.
„Гледајќи што се случува во светот, донесовме одлука што треба да ја следат и многу други европски земји“, оцени Ринкевичс.
Според него, САД се во право што бараат да се распределат повеќе средства за одбрана меѓу земјите-членки на НАТО.
„Јасно ни е дека немаме воени капацитети, но исто така ни е јасно дека треба да ги надградиме.
Мојот предлог е дека треба да се концентрираме на нашата задача да ги зголемиме трошоците за одбрана, иако забележуваме разлики со САД во однос на пристапот кон Украина“, рече летонскиот претседател.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска