Рикер: САД нема да биде судија во внатрешната политика на Албанија
Високиот американски официјален претставник Филип Рикер, кој е помошник државен секретар задолжен за Европа и Евроазија, апелира до политичките партии во Албанија да ја решат ситуацијата во рамки на Уставот.
Коментирајќи ја политичката криза во земјата, Рикер вели дека Албанија треба да ги искористи своите институции за надминување на денешната политичка ситуација. Тој истакнува дека бојкотот на изборите на 30 јуни од страна на опозицијата не беше она што САД сакаа да го видат во Албанија.
-Ние не сме горди со Албанците во последниве недели, бидејќи тие не ги користат институциите што ги имаат. Не можете едноставно да го бојкотирате Парламентот или да ги предадете мандатите. Овие институции треба да се користат, треба да се користат судовите, треба да бидат назначени членови на Уставниот суд, преку Уставот и користењето на овие алатки да се надминат тешките политички времиња, порачува Рикер.
Тој стави до знаење дека САД нема да бидат судија во внатрешната политика на Албанија, туку дека ќе продолжат „да ги охрабруваат сите страни да работат заедно со институциите и да ги преземат вистинските чекори за да продолжат понатаму“.
Американскиот висок функционер за ситуацијата во Албанија коментираше на форум организиран од Атлантскиот совет во Вашингтон.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители