Тенис
4. јуни 2018 - 16:19

РГ: И Макс без сет против Надал

Уште една победа на Рафаел Надал без загубен сет на Ролан Гарос. 

Шпанецот пласман во четвртфиналето обезбеди со триумф од 3-0 против Германецот Максимилијан Мартерер со што продолжува со максимални победи. 
По лесно добиените два сета , Надал во третиот мораше да игра тај-брејк  кој го доби со 7-4.Противник на Надал во четвртфиналето ќе биде Аргентинецот Шварцман, кој во пет сета го елиминира Кевин Андерсон со 1-6, 2-6, 7-5, 7-6/0, 6-2.