Тенис
3. јуни 2016 - 22:58

РГ: Ѓоковиќ и Мареј финалисти

Двајцата први носители на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ (број 1) и Енди Мареј (број 2) ќе играат во финалето откако попладнево ги совладаа своите ривали во полуфиналето.
 
Во мечот на денот Мареј го победи ланскиот шампион Стан Вавринка со 3-1 во сетови за 2 часа и 35 минути игра. Првите два сета ги доби Мареј со 6:4 и 6:2, а Вавринка ја врати неизвесноста откако го доби третиот сет со 6:4. Во четвртиот сет Мареј беше подобар со 6:2 во гемови и по трите полуфинални меча, конечно победи во четвртото и се избори за своето прво финале на Ролан Гарос.
 
Ѓоковиќ беше подобар од Доминик Тием во второто полуфинале и загуби само седум гема. Првите два сета Ѓоковиќ ги доби со 6:2 и 6:1 во гемови, а неизвесно беше само во третиот сет, кој Ѓоковиќ го доби со 6:4. За Ѓоковиќ ова е нова можност да го победи на Ролан Гарос единствениот Грен слем турнир што го нема освоено. Ова за него ќе биде четврто финале во последните пет години.
 
Машкото финале се игра во недела, додека во женското финале утре ќе играат Серена Вилијамс и Гарбине Мугуруза.