Живот
12. March 2016 - 17:17

Резиденцијата на Чаушеску отворена за јавноста

Официјалната резиденција на семејството на романскиот комунистички диктатор Николае Чаушеску во Букурешт е отворена за јавност по дури 26 години од неговото соборување од власта.

Пролетната палата денеска бесплатно ја посетија 300 лица, а од 19 март посетителите ќе можат да ја обиколат по цена на билетот од 15 до 30 леи (3.70 - 7.40 долари), пренесуваат американските медиуми.

Изградена откако Чаушеску дошол на власт, во 1965 година, палатата била семејна резиденција се до 1989 година, кога Николае и Елена Чаушеску беа убиени во бунтот.