Македонија
24. November 2017 - 12:51

Револвери пронајдени во ѕидовите од стара куќа во Велес

Во ѕидови од стара куќа во близина на месноста Мегдан во Велес вчера биле пронајдени 18 револвери.  

Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, вчера околу 13:30 часот при вршење на градежни работи на куќа која се наоѓа на ул.„Максим Горки“ бр.172 во Велес, од страна на сопственикот на куќата И.Ѓ.(68) во еден од ѕидовите пронајдени се 18 пиштоли марка „Нагантс“ калибар 7,62 мм.

Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес.