Живот
29. November 2017 - 21:51

Револуционерна технологија: Решителен татко отпечатил рака за синот (3) на 3Д печатач

Британецот Бен Рајан со помош на ЗД печатач направи евтина и корисна протеза за синот, на кој по раѓањето му била ампутирана левата рака.

Детето Сол Рајан е роден пред две години, но само десет дена подоцна му е ампутирана левата рака. Откако лекарите во Велика Британија немале протеза за бебе, неговиот татко Бен дал отказ и се посветил на правење протетичка рака.

Тој успеал да проектира, а потоа со помош на тродимензионален печатач и да направи протетичка рака за детенцето.

Подвижен палец

-По ампутацијата, ни беше речено да чекаме година дена за протезата и тоа за пасивна направа која на детето не му овозможува никакви движења. Едноставно, не постојат функционални протетички раце за деца помлади од 3 години, рече Бен Рајан за Си Ен Ен.

Овој наставник по психологија се посветил на проектирањето и успеа да направи основен дизајн за протетичка рака која на неговиот син му овозможува да фаќа работи.

-Благодарение на двигател скриен под пазувите, можно е да го движи палецот на протезата и да ја користи раката за цртање и игра, вели тој.

Откако успешно направи протетичка рака, Брајан ја основа компанијата „Амбионикс, за 3Д печатење на вакви протези и до сега ги направи за 20 семејства ширум светот,

Надраснување на протезата

Благодарејќи на напредокот во 3Д печатењето, изработката на целата протеза, прилагодена на поединечки корисници, трае недела дена и чини меѓу 150 и 250 долари. Оваа цена, е многу важна зошто децата брзо ги надраснуваат протезите, а не е реткост и да ги скршат или изгубат во текот на игра.