Бизнис
12. August 2022 - 16:39

Ревизија: Парите за помош на туризмот трошени без план и со половична реализација

Мерките кои ги презеде владата за намалување на последиците од пандемијата се половично извршени. Тоа резултирало со недоискористување на предвидените средства, но и незаинтересираност за реализација на надлежните органи.

Така мерката „ваучери за домашен туризам“ има реализација од 55 отсто од планираните 704.106.000 денари, „грант за туристички водичи“ е реализирана со 52 отсто од планираните 9.800.000 денари, мерката „грант за туристички агенции“ е реализира со 68 отсто од планираните 116.850.000 денари, повратот за туристичка такса за 2019 година е 48 отсто од планираните 120.000.000 денари. Мерката „финансиска помош за туристички агенции“ е реализира со 61 отсто од планираните 86.100.000 денари.

Со ревизијата е утврдено дека нискиот степен на реализација не соодветствувал на поставените цели и дека има потреба од измени на законската регулатива. Ревизорите констатираа дека не постои ниту контрола на тоа како се користени парите кои се доделени и затоа потребно е точно да се дефинира која институција и како ќе врши контрола над финансиската поддршка.