Loading Video...
Свет
22. September 2020 - 16:46

Рестрикции се воведуваат во повеќе европски земји

Нов бран на корона вирусот ја погоди Европа. Русија трет ден по ред брои повеќе од 6.000 нови случаи.  Уште полоша е состојбата во Франција. Таму на двојно помалку жители вчера биле регистрирани речиси 5.300 нови случаи и 53 починати. Над 2.000 нови случаи има и во Шпанија, Холандија и Германија. 
Само вчера, Велика Британија регистрираше над 4.300 нови случаи што ја натера владата да прогласи тревога од 4ти степен, едно ниво пред целосен карантин. Премиерот Џонсон веќе закажа седница на британската Влада а неговиот кабинет веќе најави дел од рестрикциите кои ќе се однесуваат главно на угостителските објекти.

Од вчера забрани за движење се воведени и во одредени делови на Шпанија. Цели квартови во Мадрид се под карантин а на граѓаните им е дозволено да излезат од нив само ако имаат неодложни потреби. Рестрикции има и во рестораните а голем број на јавни паркови се затворени.

Нови рестрикции од вчера се воведени и во Франција. Во повеќе градови каде што има висока стапка на нови случаи собирањето на сите јавни места е ограничено до 10 лица.
Од вчера и Грција ги ограничи собирите. Повеќе од 9 лица не смее да бидат заедно ниту во затворен ниту на отворен простор освен во рестораните. Затворени се сите кино сали а откажани се и концертите и музичките настапи во живо поради што вчера музичарите излегоа и на протести

Грција во изминатите 24 часа имаше и најлоша слика во Европа според апсолутни бројки иако реално најлоша е состојбата во Црна Гора каде секој трет тестиран бил позитивен што за 24 часа го зголеми бројот на позитивни во оваа земја за повеќе од 230 нови случаи.