Живот
9. February 2016 - 21:43

Решение на еден голем проблем во спалната соба!

Уморен од караници и дебати за тоа кој има поголема, односно помала страна од брачниот кревет, еден корисник на Reddit објави фотографии од совршено решение за ваков вид на проблем.

Тој купил ласер кој ги одбележал страните на креветот.

„Во нашата куќа нема дебати, туку само факти“, напишал тој на фотографиите, пренесува Bored Panda.

Дали ова решение со помош на технологијата ќе биде успешно за ситуацијата останува да видиме.

„За 36 долари купив ласер од eBay, ласерот прави точна линија на средината на креветот“, вели jonathan 881.