Македонија
22. July 2016 - 16:43

РЕПУБЛИКА: СДСМ е пред банкрот

Ако Бранко Црвенковски ја задолжи СДСМ со хипотекарниот кредит од Комерцијална Банка земен во 2011 година, Зоран Заев ја доведе до банкрот, откако со анекс на договорот хипотеката е продолжена до 2021 година пишува Република. До­ку­мен­ти­те до кои дошле од  „Ре­пуб­ли­ка“, покажуваат дека ме­сто да се фо­ку­си­ра на из­бо­ри­те до­го­во­ре­ни на 24 април, во сог­лас­ност со До­го­во­рот од Пр­жи­но, За­ев ма­ка ма­чел ка­ко да го про­дол­жи хи­по­те­кар­ни­от до­го­вор со кој Ко­мер­ци­јал­на бан­ка во за­лог го има се­ди­ште­то на СДСМ.

Порталот пишува дека кре­ди­тот што на 19 април 2011 го­ди­на го зе­мал то­гаш­ни­от прет­по­ста­вен на За­ев, Бран­ко Цр­вен­ков­ски, во висина од 1.600.000 евра, со намена за финансирање на партиска изборна кампања, исте­кол на 19 април 2016 го­ди­на. Ако од СДСМ не го вра­теле дол­гот на­вре­ме бан­ка­та има пра­во да ја акти­ви­ра хи­по­те­ка­та и да го од­зе­ме за­ло­же­ни­от имот, со што пар­ти­ја­та, ќе оста­нела на ули­ца.

Во текстот на “Република” стои дека пар­ти­ја­та во април го­ди­на­ва се сог­ла­су­ва, спо­ред До­го­во­рот од 2011 го­ди­на и спо­ред Ане­ксот од 2016 го­ди­на, да се зас­но­ва за­лож­но-прав­на хи­по­те­ка во ко­рист на Ко­мер­ци­јал­на бан­ка врз нед­виж­ни­от имот со си­те до­град­би и над­град­би се­га и во ид­ни­на, за обез­бе­ду­ва­ње на по­ба­ру­ва­ње­то, кое прет­ста­ву­ва збир од глав­ни­на­та од 1.600.000 евра, зго­ле­ме­но со ка­ма­ти­те, про­ви­зи­и­те, да­но­ци­те и со си­те дру­ги тро­шо­ци што мо­же да про­из­ле­зат во слу­чај на при­сил­на нап­ла­та.

Документите кои ги објавува “Република” покажуваат дека од­лу­ка­та за за­дол­жу­ва­ње и за­ло­жу­ва­ње под хи­по­те­ка по­ми­на­ла и на Цен­трал­ни­от од­бор на партијата одржан на 25 март го­ди­нава. Спо­ред за­пис­ни­кот од сед­ни­ца­та кој е обајве во “Република”, ка­ко под­ви­жен имот ЦО на СДСМ во Ко­мер­ци­јал­на бан­ка ги за­ло­жу­ва и си­сте­мот за гре­е­ње, ла­де­ње и вен­ти­ла­ци­ја, ра­ди­ја­то­ри­те, си­сте­мот за про­ве­тру­ва­ње на са­ни­тар­ни­те јаз­ли, топ­лин­ска­та пот­ста­ни­ца, еле­ктрич­ни­от топ­ло­во­ден ко­тел, ре­ди­ца пум­пи и вен­ти­ли, си­те во сопс­тве­ност на пар­ти­ја­та, а про­це­не­ти од струч­ни­те служ­би на бан­ка­та. Цен­трал­ни­от од­бор дал сог­лас­ност СДСМ да из­да­де и три сопс­тве­ни ак­цеп­ти­ра­ни ме­ни­ци со ме­нич­ни из­ја­ви со сог­лас­ност бан­ка­та да ги по­пол­ни и упо­тре­би за нап­ла­та на по­ба­ру­ва­ња­та без про­тест.

На објавениот текст на порталот “Република” реагираа и од СДСМ. 

Текстот во Република, пренесуван од медиумите под контрола на Никола Груевски, само потврдува дека СДСМ како партија на граѓаните, како и сите други граѓани во Р.Македонија, се финансира согласно законските прописи во државата, од членарини, донации и преку кредити. Сето тоа е во рамките на позитивните законски прописи, стои во соопштението.

Инаку, „Ре­пуб­ли­ка“ пишува де­ка и коалициониот парт­не­р на За­ев, Фи­ат Ца­но­ски и не­го­ва­та фир­ма „Фи­не“ има из­врш­но ре­ше­ние за нап­ла­та на хи­по­те­ка­рен долг вре­ден ме­ѓу 5 и 7.000.000 евра во Ко­мер­ци­јал­на бан­ка, како и 3 до 5.000.000 евра во Тутунска Банка.