„РЕПУБЛИКА“ : Граѓаните повеќе веруваат во ВМРО-ДПМНЕ, отколку во СДСМ (Анкета)
Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што може да отвори повеќе работни места, што има подобри економски резултати, подобра е од СДСМ во однос на обезбедување стабилност и безбедност во државата, како и дека води поголема грижа за ранливите категории од населението, за пензионерите, за земјоделците, за младите – велат резултатите од истражувањето што го спроведе Институтот за политички истражувања од Скопје по барање на „Република“, за сопствени потреби.
Телефонската анкета е спроведена во периодот од 5 до 8 октомври годинава. 1.110 испитаници одговорија на повеќе прашања поврзани со довербата во работата, како и за капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, како најголеми партии на македонската политичка сцена.
На прашањето, пак, Која партија е подобро организирана и има повеќе кредибилитет во однос на исполнување на зацртаните планови програми, 49,9 отсто се изјазниле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 18,5 проценти, кои одговориле дека СДСМ е подобро организирана партија, пренесе РЕПУБЛИКА.
Граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има подобра програма и подобар политички кадар од опозицискиот СДСМ.
Од ИПИС посочуваат дека ова истражување било спроведено според стадардизиран прашалник и врз основа на стратификуван примерок, кој е соодветен за населението во Република Македонија. Во примерокот се завардени демографските специфики на населението (полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност), а е направена и соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење (урбана или рурална средина, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности). Во примерокот се застапени испитаници од сите изборни региони во Македонија, пренесе Република.
– Одговорите ја одразуваат демографската структура на испитаниците и нивните преференции и ставови. Сите истражувања на Институтот се подложни на статистичка грешка, која изнесува +/- 2,94 проценти . Поради тоа сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во тој интервал – посочуваат од ИПИС.
Ново на Сител
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток