Македонија
5. December 2021 - 19:30

Ременски: Ја барам поддршката од искрените борци и членови на СДСМ

Мојата цел е да победам и да го вратам социјалдемократскиот сојуз на победничките шини, изјави вечерва во Тема на денот на Сител Фросина Ременски, кандидат за нов лидер на СДСМ.

-Ја барам поддршката од искрените борци и членови на социјалдемократскиот сојуз кои што сите овие години знаат како функционирала партијата особено во времиња кога сме се соочиле со една длабока опозиција, знаат да ги следат напорите и трудот, конзистентноста во ставовите и секако да го наградат оној кој што сметаат дека поседува капацитети да ги врати победничките бои на социјалдемократскиот сојуз, рече Ременски.