Бизнис
19. October 2016 - 11:59

Рекордно производство на автомобили во Чешка

Според податоците, како што јави дописникот на МИА од Прага, заедно со останатите категории на производство на домашни автомобили е надмината бројката од еден милион возила.

- Рекордното производство е резултат на зголемената домашна побарувачка, а особено на зголемениот интерес за купување на автомобили на пазарите во Западна Европа, изјави претседателот на Здружението Мартин Јан.

Зголемено производството на автомобили бележат сите домашни производители.

„Шкода Ауто“ бележи пораст од 9,9 проценти, „ТПЦА (Тојота, Пежо, Цитроен Автомобили)-Колин“ има зголемено производство за 5,8 проценти, додека автомобилската индустрија „Хјундаи“ од Ношовице покажува раст од 2,8 проценти.

Зголемено производство од 36,7 проценти бележи и фабриката за товарни возила „Татра“, додека автобуската индустрија и производството на мотори опаѓа за 1,5 и 19 проценти.