Балкан
24. March 2016 - 11:22

Рекордни количини африкански песок пристигнаа во Грција

Рекордни количини африкански песок пристигале во Грција, јавуваат грчки медиуми. 

Облак од африкански песок ја опфати целата земја, но најголема била неговата густина над островот Крит и на полуостровото Пелопонез. 

Африканскиот песок создава здравствени проблеми кај чувствителните групи од населението, кои страдат од болести на белите дробови и од срцеви заболувања.

Според метеорологот Костас Лагувардос моментно вредноста на африканскиот прав во воздухот на островот Крит достигнала 2.150 микрограми на кубен метар, а дозволената според нормите на ЕУ е 50 микрограми на кубен метар. 

Високи вредности на африкански песок се регистрирани и во областа Атика.