Балкан
11. July 2020 - 14:42

Рекордни 140 новозаразени со коронавирусот во Хрватска

Со 140 новозаразени лица, Хрватска во последните 24 часа постави нов рекорд за едно деноноќие, а починало едно лице.

Националниот штаб за цивилна заштита соопшти дека во земјата има 1.088 активни случаи, од кои 124 пациенти се во болница, а тројца се на респиратор.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 3.672 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 118 починале, а 2.466 оздравеле.

Во моментов има 4.756 лица во самоизолација.

До денеска, тестирани се вкупно 92.808 лица, од кои 1.322 во последните 24 часа.