Рекордна неизлезност на вториот круг општински избори во Франција
Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека излезноста на гласачите на вториот круг општински избори до 17 часот, односно еден час пред затворањето на гласачките места во најголемиот број од местата каде што се гласаше, беше 34,67 отсто.
Според институтите за испитување на јавното мислење, апстинентите треба да бидат меѓу 59 и 59,5 отсто од гласачкото тело, и покрај стриктните санитарни мерки кои требаше да ги охрабрат гласачите да излезат на гласање.
На гласачките места каде гласањето заврши во 18 часот, веќе се започна со пребројување на гласачките ливчиња. Првите резултати ќе бидат соопштени по 20 часот. Исходот од изборите е многу неизвесен во Лион, Марсеј, Тулуз, Стразбур, Монпелје, Нанси или Лил, главно под притисок на еколозите.
Денешното гласање требаше да се одржи според првично определениот календар на 22 март, но поради епидемијата поради коронавирусот, гласачите беа повикани да гласаат речиси три и пол месеци по првиот круг, во 4.820 општини каде 16,5 милиони избирачи имаат избор меѓу 157.000 кандидати.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација