Loading Video...
Кошарка
6. February 2019 - 14:23

Рекорди на Леброн и Вестбрук

 
 
Во синоќешните осум натпревари во НБА лигата на два имаше рекордни индивидуални остварувања. 
 
Иако Леброн Џејмс со постигнатите 18 поени во дуелот против Индијана сигна до бројката од 32.000 поени во кариерата и стана единствен активен кошаркар со вакво остварување. Сепак Џејмс го претрпе најголемиот пораз во кариерата бидејќи Лејкерси загубија од Пејсерси со 136-94. 
 
На вечната листа на најдобри стрелци Леброн е на петтото место зад Карим Абдул-Џабар (38.387 поени), Карл Мелоун ( 36.928) Коби Брајант (33.643) и Мајкл Џордан (32.292) 
 
Расел Вестрбрук кој за Оклахома имаше 16 поени, 15 скока и 16 асистенции во победата над Орландо 132-122 го оствари својот седми „трип-дабл“ учинок во низа, со што го достигна легендарниот Мајкл Џордан кој вакво остварување имал во сезоната 1988-89, додека најдолгиот ваков учинок во историјата на НБА го држи Вилт Чемберлен, кој во 1968 година дури девет натпревари во низа имал „трип-дабл“ 
 
На останатите натпревари беа постигнати овие резултати:
Филаделфија - Торонто 107:119
Портланд - Мајами 108:118
Њујорк - Детроит 92:105
Мемфис - Минесота 108:106
Шарлот - ЛА Клиперс 115:117
Кливленд - Бостон 96:103