Бизнис
14. January 2022 - 19:40

Рекорден извоз од развојните зони од 3 милијарди евра се реализирал минатата година

Рекорден извоз од развојните зони од 3 милијарди евра се реализирал минатата година. 

Во истиот период увозот пораснал за над 30 отсто, пред се поради зголемените цени на суровините за компаниите кои работат во зоните. Минатата, за првиот човек на ТИРЗ, била успешна инвестициска година, каде се влоѓиле 188 милиони евра. Растел и бројот на вработени и нивните просечни плати. За оваа, се очекува позитивниот тренд да продолжи, а во најава се 3 инвестиции во енергетиката. 

За големите инвестиции, најавени уште во 2017 та, како Гугл и Фејсбук, нема коментар, затоа што нив ги најавил премиерот, а не тој. Ланската, која тој ја промовираше во зоната во Забени, се уште се мисли, затоа што била поврзана со процес во соседството.

За провлекување повеќе инвестиции, по примерот на претходната власт, земјава ќе се рекламира во Економист. Но адут нема да биде евтината работна сила, туку добрата и предвидлива бизнис клима.