Македонија
12. February 2017 - 16:40

Рекорден фертилитет во Штип - за еден месец се родиле 100 бебиња

После 10-тина година, акушерското одделение при штипската клиничка болница бележи рекорден фертилитет.

За прв пат во еден месец на свет се дојдени над 100 бебиња.

Во месец јануари во просек на ден се раѓале по 3 до 4 деца.

-Во родилиштето се породија 101 дете, од кои 68 се машки дечиња, а 33 се девојчиња, женски деца. – изјави д-р Марина Гацова, раководител на детско одделение, Клиничка болница – Штип.

Позитивниот тренд продолжил и во месец февруари, па од почетокот на годината се породени вкупно над 130 деца.

-Оваа година сме навистина радосни што имаме поголем број на дечиња, а посебно радува што има поголем број на деца во една фамилија. Значи тие не се сите прво или второ дете- додава Гацова.

Најголем процент од децата се родени здрави и за 48 часа се способни да го напуштат акушерското одделение.

Само 2 бебиња близнаци имале потреба од интензивна нега и помош од респиратор, поради екстремна недоносоеност, односно се родени пред истек на 32-рата гестациска недела и се испратени на детската клиника во Скопје.