Loading Video...
Спорт плус
4. May 2019 - 16:18

Рекорден број учесници на 15-тиот Скопски маратон

Рекорден број од 12.500 учесници имаше на денешното, инаку 15-то издание на  Скопски маратон 
 
Чалачев Асмамав Тирунех од Етиопија ја прекина доминацијата на каниските атлетичари триумфирајќи на годинашното  издание на „Скопскиот маратон“. Најдобро пласиран Македонец на трка е Александар Кираџиев кој заврши на шестото место, а веднаш зад него заврши уште еден Македонец, Александар Андоновиќ. 
 
Во женска конкуренција првите три места им припаднаа на атлетичарките од   Кенија, а победничка беше Енис Мучири. Најдобра македонска атлетичарка Адријана Поп Арсова го освои седмото место и тоа со време на нов државен рекорд (2:52.52 часа), а веднаш зад неа осма беше Билјана Кираџиева.
 
На полумаратонот прв целта ја мина нашиот атлетичар Дарио Ивановски , додека кај дамите Унгарката, Зита Качер беше најбрза. 
 
Најголема масовност имаше на патеката од 5 км, на која на највисокото место на подиумот се најдоа, Леонид Вандевски во машка и  Марија Стоќановска кај дамите.