Свет
9. October 2020 - 8:40

Рекорден број новозаболени од коронавирус во светот

Вчера, во светот се пријавени 338.779 нови случаи на коронавирус. Починале 5.514 лица, а бројот на смртни случаи надмина еден милион.

Индија пријавила најмногу нови случаи, дури 78.524. По Индија, најголем број на нови случаи се регистрирани во Бразил – 41.906, а потоа во САД – 38.904.

Пред ова, на 2 октомври е забележан рекорден број нови случаи во светот – 330.340.

Рекорден број на починати од Ковид-19 имало на 17 април – 12.393.