Loading Video...
Балкан
26. October 2021 - 19:54

Рекорден број на заразени и починати од корона во Бугарија

Бугарија објави рекорден број на дневни смртни случаи и инфекции од Ковид 19.

Во последните 24 часа со вирусот се заразиле 5.863 лица, а 243 починале.

Според денешните податоци, повеќе од 7.100 лица се хоспитализирани, а најголем дел од пациентите не се вакцинирани. Во Бугарија досега целосно се вакцинирани само 24 отсто од седум милионското население. 

Бугарскиот претседател Радев денеска повторно ја критикуваше партијата ГЕРБ на Бојко Борисов за создавање на недоверба кај бугарските граѓани кон вакцините.