Свет
28. February 2017 - 13:46

Рекорден број на авио - патници во Германија

Речиси 112 милиони патници минатата година отпатувале од германските аеродроми што е апсолутен рекорд на сите времиња, објави германската национална Агенција за статистика.

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, најголем дел од патниците патувале до дестинации на европскиот континент.

Според Агенцијата за статистика бројот на авио патници од Германија лани го достигнал нивото од 119,9 милиони патницисо што е зголемување за 3,4 отсто во однос на 2015 година. Главните причини за зголемениот број на патници во најсилната европска економија се големиот број на новотворени авио- дестинации и ниските цени кои што ги нудат нискобуџетните авио - компании.