Македонија
1. September 2016 - 14:47

Реконструкција во ООУ „Илинден“ во Крива Паланка

Министерството за образование и наука издвои вкупно 2 милиони и двесте илјади денари за реконструкција на подрачното училиште „Илинден Мождивњак 2“ во село Мождивљак. Во централното училиште ООУ „Илинден“ комплетно се опремени осум училници, извршена е промена на инсталација, столарија, на подовите, а за првпат учениците ќе одат во една смена.
 
- Во подрачното училиште „Илинден Мождивњак 2“ извршена е целосна реконструкција. Старата столарија е заменета со нова, извршивме и промена на подовите, а обновена е и фасадата. Исто така, направена е нова канцеларија за наставниците и пристапна рампа за ученици со посебни потреби, изјави директорот на ООУ „Илинден“, Оливер Дејановски.