Реконструирано ОУ „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров
Основното училиште „Мирче Ацев“ во општина Ѓорче Петров доби нов покрив со средства од МОН, а од општинскиот буџет се направени и други зафати со што се подобрени условите за настава.
Училиштето денеска го посети заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски кој изјави дека до пред неколку месеци ОУ „Мирче Ацев“ имало сериозна потреба од крупни инвестиции и реконструкции за да се одржи квалитетот на училишниот објект.
- Како ресорно министерство во договор со градоначалникот на општината заеднички пристапивме во комплетна реконструкција и санација на училиштето, за што заедно со општината инвестиравме безмалку 30 милиони денари. Најпроблематично беше потребата од комплетна промена на покривот за што МОН одвои посебно 10,2 милиони денари. Покривот е целосно заменет, со што училиштето сега е во исклучителна кондиција подготвено да го дочека стартот на учебната година, рече Ристовски.
Најави дека во наредните недели ќе почне и доградба на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, дисперзирано училиште во населбата Хром, а за време на летниот распуст и на почеткот на есента МОН ќе реконстрира и санира и други училишта за да се обезбедат подобри услови за настава.
Градоначалникот на општина Ѓорче Петров Сокол Митревски рече дека со капиталните зафати кои се направени, училиштето без проблеми ќе функционира во идните 30-40 години.
- Најголем проблем беше покривната конструкција која е заменета со средства од МОН. Општината направи и други зафати - целосно е реновирана трпезаријата и е направена нова кујна за децата во училиштето, по 50 години целосно е реконструирана и оспособена спортската сала и масовно се користи од учениците, променети се прозорците, вратите, санитарните јазли, така што училиштето е во добра кондиција, рече Митревски, кој додаде дека со поддршка на МОН ќе бидат подобрени условите и на другите основни училишта на територијата на општината.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна