Македонија
3. March 2016 - 23:05

Рекација од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Дамјан Манчевски од СДСМ

Дамјан Манчевски бесрамно се појавува во јавноста и говори за тутунопроизводителите, а, во период од 2002 до 2004 година токму тој даваше поддршка на владата на СДСМ кога ги третираше земјоделците како граѓани од трет ред, кога не им даде ни денар субвенции и кога им прати полиција на Плетвар да ги тепа, само затоа што си ги побараа своите права.

Ова го посочува ВМРО-ДПМНЕ во рекцијата на денешната посета на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на општина Долнени каде изјави дека најголем проблем на жителите на Долнени се ниската откупна цена на тутунот и нерегуларностите во распределбата на земјоделското земјиште  и исплатата на субвенциите.

- Истите од СДСМ кои не даваа ни С од субвенции за тутунарите сега имаат ѓон - образ да се појават пред нив и да им говорат за земјоделски политики.  Народот многу добро знае кој и колку направил за земјоделците и една ваква манипулативна прес-конференција не може да ги промени фактите и вистината, се вели во рекацијата.

Народот, се додава, знае дека кога СДСМ зборува за едно евро, тогаш мисли на еврото од матните зделки кои ги прават во менувачницата на Вицето.

- СДСМ е синоним за деструкција, како што ќе поминува времето до избори така се повеќе ќе ги лажат граѓаните односно ќе им даваат се поголеми лажни ветување и ќе ги манипулираат, но тоа нема да им помине. Затоа народот за ваквите безобразни лаги на 5 јуни ќе ги казни сурово. Јубилејниот десети пораз ќе биде одговор за манипулациите и лагите кои СДСМ ги леферува целиот овој период, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Манчевски.