Регулаторната Комисија одлучи цената на парното да остане иста
И покрај барањето на БЕГ за зголемување на цената, поради намалените приходи од домаќинставата кои веќе не плаќаат паушал за парното што не го користат, Регулаторната Комисија донесе одлука - цената на топлинската енергија да не се менува.
- Сметките што ќе ги добиваат потрошувачите приклучени на БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Скопје Север практично ќе останат на исто ниво како и во изминатата грејна сезона. Со оглед на исклучително сложениот период во кој се наоѓаме со пандемијата Ковид 19, трошоците на енергетските компании се пресметани на минимално ниво. Анализите укажуваат дека греењето на топлинска енергија преку централните системи за греење на трите компании во град Скопје останува најекономично и еколошки нај оправдано решение. Апелирам секое домаќинство што е приклучено на системите на топлинска енергија од трите компании на територијата на град Скопје да го користат овој енергенс.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Минатата година парното за корисниците нa БЕГ поевтини за 6%,а се намали и ДДВ од 18 на 5 отсто.
Инаку на градско парно се затоплуваат околу 50.000 домаќинства.
Наташа Мерсовска
Ново на Сител
-
Вашингтон доби пристап до сите воени бази во Скандинавија
-
СДСМ ја поздравува брзата и успешна акција за расчистување на убиствата
-
Возачот кој го превезувал Палчо до Турција: Ме искористи, не знаев дека е убиец
-
ВМРО-ДПМНЕ бара проширување на истрагата за Палевски
-
Ковачевски: Расчистувањето на грозоморните убиства е доказ за важноста на меѓународната соработка со партнерите
-
Дожд и снег утре, за викендот стабилно и потопло
-
Свети Климент Охридски - 8 Декември неработен ден за сите граѓани
-
Без македонски претставник на Евровизија 2024 во Малме