Балкан
8. December 2019 - 8:26

Регионот се тресе, серија земјотреси во Грција

Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени по Рихтер го погоди вчера грчкиот остров Крит, соопшти Атинскиот институт за геодинамика.

Земјотресот се почувствувал околу 17 часот, а епицентарот бил на 28 километри југозападно од градот Сфакија, на длабочина од 10 километри, пишува весникот Катимерини.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека потресот бил со јачина од 4,5 степени по Рихтер. Засега нема информации за причинета материјална штета.

 

 

Крит и претходно го потресоа два земјотреси со јачина од 4 и 3,5 степени по Рихтер. Двата потреси е регистрирани кај малиот остров Гавдос, јужно од Крит, на глабочина од 10 километри.

Островчето Гавдос административно припаѓа на Крит.