Loading Video...
Свет
20. February 2021 - 17:03

Регионот се простува од Ѓорѓе Балашевиќ

Регионот се простува од Ѓорѓе Балашевиќ. Од вчера опладне кога беше објавено дека тој почина како последица од корона вирусот во новосадсаката болница, насекаде низ поранешна Југоставија, неговите обожаватели се собираат за да се збогуваат со кантаавторот.

Синоќа пред домот на Балашевиќ во Нови Сад граѓаните палеа свеќи, а на плоштадот во еден глас ја пее „Словенска“.

И Загреб се прости од Балажевиќ. На улицата Илица во стригиот центар на градиот на кирилица напишаа беќарац, исто акко во неговата песна „Стих на асфалтот).

На денот напогребот на Балашевиќ, во Нови Сад ќе биде прогласен ден на жалост.

Вакцината на „Фајзер/Бионтек“ против ковид – 19, која е најкористената во светот објави нови упатства за нејзни чување и трансорт, кои треба да отстранат еден голем проблем – многу ниската температура на која се зачувува нејзината ефикасност. Новата студија покажува дека оваа вакцина сепак не мора да се чува на исклучително ниски температури. Според денешната објава на „Фајзер“ и „Бионтек“, вакцината две недели може да се складира и транспортира на температури од минус 25 до минус 15 степени Целзиусови, односно во обични ладилници, наместо на -70 степени.

Претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека е подготвен да прогласи состојба на природна катастрофа во Тексас, откако областа беше погодена од снежна бура што остави милиони жители без струја и вода.

Судот во Москва ја отфрли жалбата на Алексеј Навални што значи тој ќе остане во затвор две и пол години. Критичарот на Кремљ е осуден на две години и осум месеци затвор поради кршење на условната казна, а сега му претстои судење за клевета на ветерани од Втората светска војна.

Претходно, руските власти го отфрлија барањето на Европскиот суд за човекови права за ослободување на Навални, проценувајќи дека нема правна основа и дека тоа претставува грубо мешање во внатрешните работи на Русија.

Европскиот суд за човекови права испрати барање во кое се наведува дека неговиот живот е во опасност.