Loading Video...
Балкан
25. May 2020 - 16:53

Регионот ја победува короната, неколку земји без нови случаи, се отвораат границите

20 дена без корона во Црна Гора, а вчера нема нови случаи ни во Косово, ни во Словенија. Во последниве 24 часа во Хрватска и Грција се регистрирани по два нови случаи, додека во Албанија и Бугарија има шест новозаболени . Во  соседна Србија ситуацијата е најлоша  и таму се  пријавени уште 67 позитивни на вирусот. Во Грција има три лица кои се позитивно тестирани на Ковид. Генерално во регионот епидемијата се повлекува, но и забраните и рестрикциите кои ги донесе болеста. Социјалната дистанца останува во сила во целиот Балкан, но животот полека се врака во нормала.

Во Словенија и Хрватска децата од 1 до 4 одделение се вратија на училиште. Албанија, по Бугарија, Србија и Грција најави дека ке ги отвори границите на 1 јуни. Премиерот Рама соопшти и дека на 10 јуни ке ги отвори плажите за туристите. Отворена за сообракај е и српско унгарската граница, а тие што ке ја преминат не подлежат на карантин. По повеке од два месеца Грција ги отвори рестораните, сепак и тука ке важи социјалната дистанца мегу гостите. На една маса можат да седат  максимум шест луѓе, а персоналот носи маски. Засега се седи само на терасите,а на гостите ке им биде дозоволено да седат внатре дури по 15 јуни.