Македонија
26. October 2019 - 8:59

Регионална конференција за заштита на животната средина

„Зазеленување на однесувањето кон животната средина во Западен Балкан” е темата на денешната конференција што ќе се одржи во организација на Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти во Македонија (МЦАА).

Во дискусиите, како што е најавено, ќе учествуваат 12 домашни и странски експерти кои дејствуваат во различни аспекти на заштитата на животната средина. Меѓу говорниците од целиот регион, како и од Велика Британија и од Мексико, првпат кај нас ќе се обрати и претставник од Гринпис Бугарија, огранокот на престижната меѓународна организација која го покрива регионот.

Како дел од овој настан, ќе се одржи и посебна информативна сесија за идните стипендисти, каде заинтересираните за аплицирање ќе можат да дознаат повеќе за можностите за аплицирање за Чивнинг стипендијата за магистерски студии.